Дали со убиството во Тетово се активираа вооружените групи за кои зборуваше Нухиу?

АКЦИЈА

По убиството на Наип Реџепи по престрелката во тетовско, се поставува прашањето, дали се активираа вооружените групи за кои сведочеше заменик министерот во МВР; Агим Нухиу, во ОЈО, во врска сос настаните од 27 април, кога кажа дека поголема вооруѕжена група во Чаир и поранешни борци на УЧК бил подготвени за акција.

Нухиу дознал дека некои групи од вооружени Албанци се собирале и во Чаир, па дури и дека групи, поранешни борци на УЧК се подготвувале за акција. Кога ги кажал овие информации, според сведочењето на Нухиу, дури тогаш Чавков дал наредба за справување со масата во Собранието, се вели во емисијата КОД.

Министерот Нухиу освен во ова кратко сведоштво ниту дал наредба, ниту превзел било каква активност да се проверат овие наводи кои сам ги кажал, иако се работи за сериозни закани како по безбедноста, така и по уставниот поредок.

Вакви паравоени структури за кои говори Нухиу се вооружуваат од нелегално оружје, за кое по опис и попис на работни задачи Нухиу кој и тој и сега ја врши функцијата заменик министер за внатрешни работи треба да превзема соодветни дејствија ваквите групи да бидат откриени и неутрализирани, а нелегалното оружје да биде запленето и уништено. По малку нејасно е како обвинителството и МВР воопшто не реагирале на овие наводи на Нухиу и целото внимание го ставија на апсења и гонење на лицата кои на 27 април невооружени влегоа во Собранието, а за апсење на вооружени паравоени структури не превземаат никакви чекори. Симптоматично е што после речиси цела година истиот Нухиу кој ги има информациите сеуште не уапсил ниту едно лице за учество во вооружени парамилитатни групи.

На оваа тема Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното негово гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија истакна дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно. Патем според него она што дополнително загрижува е што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на настаните, дали нивното поседување на оружје е легално, од каде е потеклото на оружјето и зошто Нухиу како прв човек на тоа министерство не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.

-Ако ние за така краток рок имаме група која се мобилизира и се вооружува така подготвена да иницира воен конфликт, а притоа министерот тоа го знае и ништо не презема, логично е дека со ова се охрабруваат овие луѓе и во иднина да се случува. Каде е тука правната држава, каде е тука одговорноста на министерот, каде е одговорноста на Јавното обвинителство, каде е одговорноста на сегашниот министер и органите кои се под него, заклучи Мицкоски.

loading...