Угриновски од „Тврдокорни“ ги повика патриотите да му се придружат на Бачев

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на „Тврдокорни“, Драги Угриновски, денеска од пред Амбасадата на Русија упати повик до сите патриотски здруженија да се здружат со партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Ова е единствената партија која застана позади уставобранителите како Игор Југ, Горан Ангелов и останатите, сите други партии ги штитеа своите пратеници. Доста ни е од коалицијата ‘Погреб за Македонија’. Корумпираните од ‘Погреб за Македонија’ нè лажеа дека единствена алтернатива ни е ЕУ и НАТО, но има и друга, тоа е сојузот со Русија. Дипломатот на Русија го протеруваат корумпираните политичари“, рече Угриновски.

Единствена Македонија денеска одржа собир во знак на поддршка против протерувањето на рускиот дипломат од земјава. На собирот присуствуваше и рускиот амбасадор, Олег Шчербак.

 

loading...