Армиските специјалци ги воодушевија граѓаните на плоштадот (ГАЛЕРИЈА)

АКЦИЈА
loading...

На плоштадот точно на пладне се одржа манифестацијата Отворен ден на АРМ. Покрај вежбата на армиската гарда егзерцир и презентација на дел од опремата на АРМ, воените специјалци прикажаа серија вежби од боречки вештини како и традиционалните вештини во кои обучените офицери од Полкот за специјални операции со голи раце кршеа запалени купови керамиди или со глава поминуваа низ наредени тули.

Вежбата ја следеа стотина граѓани кои воодушевено им аплаудираа на припадниците на АРМ.

По завршување на вежбата над плоштадот пролета и хеликоптер на АРМ со државното знаме на Република Македонија.

-Целта на отворениот настан е граѓаните одблиску да се запознаат со својата Армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на професионални војници кој е во тек, соопштија од одбрана.

АРМ и натаму високо котира меѓу институциите со најголема доверба меѓу граѓаните, а и од сојузниците во НАТО постојано стигнуваат добри оценки за подготвеноста на АРМ за заеднички операции, а и за членство во алијансата.

loading...