Армијата е очајна: Механизацијата е нефункционална, при непогода војниците сé ќе работат рачно

АКЦИЈА
loading...

Додека министерката за одбрана се расшетува насекаде по светот и во име на Министерството се заблагодарува за нејзиниот личен прием во некоја невладина организација, финансирана од сомнителни филантропи, министерсвото и армијата продолжуваат да тонат во неопременост и нефункционалност. Откако Шеќеринска застана на чело на министерството, тешко стекнатата репутација и домашен и меѓународен углед на министерството и армијата е во слободен пад.

Веќе информиравме за недостатокот на опрема и неисправност на основните средства за обука и работа на армијата, но она што се случува во инженерискиот баталјон ги поминува сите граници на негрижа и неинвестирање во единицата. Имено, од извори од армијата, дознаваме дека состојбата со инженериските средства е катастрофална, и дека преку 95 проценти од машините се неисправни. Почнувајќи од натоварувачите кои се комплетно во аут, заради неисправни кочници и неисправни системи за управување, па до нефункционалноста на комбинираните инженериски машини кои може да извршуваат повеќе операции, а се буквално неупотребливи поради нефункционалноста на електричната инсталација и немањето акумулатори. Исто така, и дозерите и валјаците се надвор од функција, а единствениот копач е неупотреблив бидејќи нема кочници. Не е подобра ситуацијата и со останатите машини со кои располага единицата, чие функционирање практично е сведено на мануелна работа од страна на војниците, кај кои моралот е далеку понизок од потребниот, бидејќи добиваат задачи, а не можат да ги извршат. Покрај сето ова, треба да се напомене и дека оваа единица многу често се ангажира и при елементрани непогоди со цел да му помогне на цивилното население и да помогне во справувањето со ситуациите (при шумските пожари, во поплавите низ државата и слично), што значи дека одговорноста на надлежната министерка уште повеќе се зголемува.

Вакво уништување на армијата не се памети од осамостојувањето до денес. Министерката и нејзиниот тим, освен патувањата во странство на грбот на граѓаните и празните ветувања за транспарентност и професионализам, покажаа тотална неспособност и негрижа за бисерот на македонската држава, Армијата на Република Македонија. Борбата за лична промоција и добивање поени на одредени функционери не смее да биде на грбот на војниците и командниот кадар на Армијата, и не смее да резултира со намалување на нивната борбена готовност и операционалност.

loading...