Овде нешто смрди: Издавачката куќа што ја печатела збирката тврди дека имале одобрение од АМС

АКЦИЈА
loading...

Издавачката куќа „Арс ламина“ тврди дека настанало недоразбирање при печатењето на контроверзната книга „Млади поети“ при што како уредник е наведен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Агенцијата не ги испратила потребните податоци за печатење на публикацијата, па во понатамошната комуникација настанало и недоразбирање, поради кое како уредник е наведен директорот Дарко Каевски, за што очигледно тој не бил известен, велат од Арс ламина.

Каевски претходно изјави дека неговото име било впишано како уредник на збирката без да биде консултиран и според него издавач треба да биде „Арс ламина“. Од издавачката куќа не се сложуваат.

-Арс Ламина има склучено договор со Агенцијата, врз основа на претходно објавениот оглас за печатење на збирката. Во техничката спецификација на огласот, како и во самиот договор, во ниеден момент од Арс ламина не се побарани издавачки услуги, туку исклучиво печатарски. Во таа смисла, според договорот, Арс ламина технички ја уреди книгата и ја испечати, без никакво мешање во нејзината содржина. Претставниците од Агенцијата ги одобрија финалниот изглед и содржината на збирката пред нејзиното печатење. Дополнително, Арс ламина не ни може да биде издавач бидејќи ниту ги нарачала авторските текстови (песни и предговор), ниту е носител на авторските права за истите, ниту пак направила избор и редакција на содржините од збирката“, велат од издавачката куќа.

loading...