Откако апелација го ослободи, утрово повторно уапсен внукот на Методија Андонов Ченто

АКЦИЈА
loading...

По апсењето на екс-министерот за внатрешни работи само 24 часа откако беше ослободен, тортурата продолжува и врз другите обвинети за случувањата на 27. април кои претходно беа пуштени од затворски притвор

Утринава, нешто пред 10 часот повторно е приведен Јане Ченто, внук на Методија Андонов Ченто, од неговиот дом каде на 21. февруари беше префрлен во куќен притвор согласно одлуката на Апелација.

Како што дознава „Инфомакс“, пред куќата на Ченто имало силно полициско присуство, а полицајците не дале никакво образложение.

Ченто ќе биде префрлен во истражниот затвор „Шутка“.

loading...