Дневен хороскоп за среда, 4 април 2018

АКЦИЈА
loading...

Овен

Ве очекуваат караници во друштвото поради некоја напната ситуација. Разговарајте со пријателите и кажете им отворено што не ви се допаѓа кај нив. Пријатен ручек со семејството во вашата градина е одлична идеја.

Бик

Како и обично, вашиот шарм ќе ви биде вашето најмоќно оружје денеска. Искористете го овој ден за да ја шармирате личноста која штотуку ќе ја запознаете. Оние кои се во врска, ги очекува подарок патување од партнерот.

Близнаци

Во првата половина од денот ќе се чувствувате уморно бидејќи изминатава недела константно бевте под стрес. Затоа, втората половина од денот посветете си ја на себе. Пријатна квечерина, кафе и книга е примамлива идеја, зарем не?

Рак

Дозволете да ве понесе романтикатата и препуштете се на страстите. Подгответе му вкусна вечера на вашиот парнер, а тој ќе биде изненаден од оваа позитивна промена. На професионално поле, денеска ќе имате можност да забележите успех.

Лав

Себичноста нема да ве одведе никаде. Наместо да се полните со желбата за внимание, за промена, помислете на желбите и на другите. И најдобрите пријатели наскоро ќе ви свртат грб доколку не ја промените оваа ваша особина.

Девица

Сакате да направите нешто со кое ќе им покажете на сите дека не зависите од никој. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Распоредот на ѕвездите во овој период ќе ви донесе несогласување со партнерот.

Вага

Случувањата кои ве опкружуваат ќе ве направат нервозни. Доверете му се на партнерот и кажете му што не е во ред. Тој внимателно ќе ве ислуша и ќе ви упати некој корисен совет. Можни се болки во мускулите.

Шкорпија

Препуштете им на вашите колеги да ги извршуваат комплицираните работи, кои бараат многу напор. Некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположние. Настаните кои ви претстојат ќе ви донесат среќа.

Стрелец

Бидете внимателни кога го бирате вашиот љубовен партнер, бидејќи не секој е она што мислите. Не прифаќајте сомнителен професионален предлог. Зачувајте ги за себе своите креативни идеи, бидејќи наскоро ќе имате можност да ги покажете во јавност.

Јарец

Внимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да ве поттикне на ривалски односи. Претерувате во врска со очекувањата од саканата личност. Можеби вашиот партнер не сака детално да ви ги објаснува своите постапки или да ви ги положува сите свои сметки.

Водолија

Овој ден ќе ви биде исполнет со многу добри вести. Некој ваш пријател ќе добие понуда за работа во странство, па ќе бидете среќни за тоа. Вечерта нека ви биде резервирана за среба со парнерот и потрудете се да ги сослушате неговите проблеми.

Риби

Овој ден ќе ви биде од голема важност. Можно е да добиете романтична понуда за врска од личност со која сте во моментов. Прифатете ја понудата, бидејќи таа личност умее најдобро да ве развесели и најдобро ги знае вашите потреби.

loading...