Заев : Не сум човек кој веднаш разрешува, Каевски е добар кадар

АКЦИЈА
loading...

,,Јас сум човек кој секојпат ги гледа работите во сите свои детали. Иако тој е покровител, т.е. потпишува налог за проект, за млади поети и младински политики.

Тој навистина не е должен да чита сè што има во материјалот, ниту пак е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имав помагано финансирање на книги. Јас и како комерцијален директор имам помагано финансирање на книги и издавање. Не сум ги читал сите тие книги и сите тие детали внатре. И од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар кој што покажа добри резултати и добро ја води институцијата. Денеска ќе имам состанок со него. Сакам да ги видам сите детали и од овој аспект, токму преку него гледани, заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам.

Истовремено и јас осудувам ваков вид на дискриминација, ваков вид на погани зборови испратени во јавноста. Не личи да се пишуваат вакви работи. Апсолутно институциите мора да бидат внимателни, но истовремено знаете дека многу мал дел од нив по структура и се променети. Функционираат стари комисии, раководителите на сектори ни се стари, законите се бетонирани, буквално не можете да поместите раководител на сектор без негов исказ. И тоа е тој што меѓу другото ги креира политиките внатре. Зборувам за сите институции. Така што, веднаш не треба да се бара одговорност ако во суштина не постои и во деталите таквата одговорност.

Ќе разговарам и одлуките по тоа прашање потоа ќе ги споделиме со јавноста.“

Ова е ставот на премиерот Зоран Заев по скандалот со директорот на Агенција за малади и спорт и објавената збирка за млади поети.

loading...