Скопјани му посадија цвеќе на Шилегов (ГАЛЕРИЈА)

АКЦИЈА

Соочени со фактот дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов изгледа не ги гледа дупките низ улиците, граѓаните одлучија да му испратат порака на ваков начин.

Тие му посакаа „Добро утро“ на Шилегов со засадени цвеќиња во дупките на улиците.

Неколку видови на цвеќиња беа посадени во ударните дупки за да се испрати порака дека улиците не се безбедни и дека некој мора да превземе нешто.

Инспирирани од неговиот “проект“ за садење на трева и качунки, Скопјани го потсетуваат Шилегов дека треба сериозно да се фати за работа.

loading...