Другата страна на Катица: Да ти била Чарлиев ангел

АКЦИЈА
loading...

На белградската ТВ Н1 вечерва со почеток во 20.00 часот премиерно беше прикажан документарниот филм со наслов „Македонските Чарлиеви ангели”, кој зборува за тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

„Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период“, се вели во најавата за документарниот филм.

Во филмот „Македонските Чарлиеви ангели“ британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата.

Во филмот беше прикажана и една страна на специјалната јавна обвинителка која досега јавноста ја нема видено. Во една од сцените Јанева со повишен тон им се обраќа на вработените и им укажува побрзо да ја завршуваат работата.

ТВ Н1 е водечки телевизиски канал во Србија и регионот, и е првата регионална и локална 24 часовна платформа (ТВ, веб и мобилна) за емитување на вести и актуелности за над 20 милиони гледачи на Балканот. Заедно со продукциските центри во Белград, Сараево и Загреб, таа е ексклузивен информативен партнер на Си-Ен-Ен.

loading...