Пред малку тешка сообраќајка во Пинтија – Автомобил се преврте на кров (ФОТО)

АКЦИЈА
loading...

Тешка сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Засега нема детали од незгодата која се случи нешто пред 23 часот, освен дека не се работи за судир помеѓу две возила, од кои едното, од засега непознати причини, се превртело на кров.

Според очевидци едно лице било тешко повредено. Се чекаат подетални информации од МВР.

Prevrtena-kola-Pintija-2

За жал оваа слика стана наше секојдневие. Речиси нема ден, а да не се случи некоја сообраќајна несреќа, а се почесто се случува да има и тешки последици.

Само денеска ова е втора сообраќајна несреќа во која возилото се превртува на кров. Ноќеска околу 00.05 часот на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешна „Првомајска“) „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки удрил во металната конструкција од автобуската постројка, па во две метални канделабри, по што автомобилот се превртел.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Prevrtena-kola-Pintija-Dzid

loading...