Воспитување на децата. Дали ќотекот е оправдан

АКЦИЈА

Познатиот руски психолог и семеен психотерапевт Јулија Борисовна Гипенрејтер автор на многу книги за родителство и професор на познатиот Ломоносов универзитет во Москва, ги советува родителите за воспитувањето на децата.

Ова се нејзините правила:

1) Прифатете ги децата безусловно – тоа не значи да ги сакате бидејќи се паметни, убави и одлични. Туку поради тоа што постојат, онакви какви што се.

2) Не мешајте се во тоа што вашето дете го прави, додека тоа не побара помош од вас. На тој начин, ќе му покажете дека верувате во него, но и дека сте тука ако тоа му е потребно.

3) Личноста и способноста на детето се развиваат само во онаа област која само ја одбира бидејќи тоа го сака и тоа го интересира.

4) Не постои ниту една ситуација во која ќотекот е оправдан.

5) Можете да изразите незадоволство поради некоја негова постапка, но не поради самото дете. Можете да ги осудите нивните постапки, но не и нивните чувства.

6) Прегрнувајте го своето дете почесто.

7) На детето не само што му се потребни ред и правила на однесување, туку и тоа го очекува од вас. Тоа е одлично за да го разбере животот и се снаоѓа полесно во него.

8) Детето се чувствува сигурно и смирено кога ги разбирате неговите потреби.

loading...