Видео: Страотна сообраќајка кај Сарамзалино

АКЦИЈА
loading...

Страотна сообраќајка се случи денес во близина на Сарамзалино, на магистралниот пат Штип-Велес во која најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени

Сообраќајката се случила помеѓу автомобил и автобус, а во истата настрадало и трето возило.

На лице место загинал еден од учесниците, а повеќемина се повредени, меѓу кои и патници во автобусот.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата животот го загубил возачот на „Шкодата“, чиј идентитет не е утврден.

Поради сообраќајката патниот правец е затворен, односно сообраќајот се одвива во една коловозна лента наизменично.

На патниот правец има колона од неколку километри.

Катастрофална сообраќајка во близина на Штип

Катастрофална сообраќајка во близина на Штип

Публикувахте от infomax.mk в 30 март 2018 г.

loading...