Превкусни – кифлички со мак

АКЦИЈА

Станува збор за еден посебен рецепт, кој веднаш треба да го запишете и да го направите. Кифлички со мак, прекрасни уште на гледање, а можете да замислите какви се за јадење.

Состојки:

-2,5  дл.вода

-50 гр.шеќер

-една лажица сув квасец

-една лажица сол

-80 мл.масло

-500 гр.брашно

За премачкување:

-50 мл.вода

-една лажица брашно

-мак

-50 мл.вода

-една лажица мед

Подготовка:

1.Во 2,5 дл.млака вода ставете 50 гр.шеќер и една лажица сув квасец.

2.Оставете да нарасне 5 минути па додадете 80 мл масло, сол и брашно. Замесете го тестото, изработете го и оставете го да нарасне.

3.Потоа поделете го на 8 делчиња.

4.Секој дел расукајте го во величина 30×13 см па замотајте.

5.Ставете во тавче претходно обложено со хартија и оставете да нараснат 30 минути.

6.Измешајте 50 мл вода и една лажица брашно, премачкајате ги кифличките, па ставете им мак и печете на 180 степени 25 минути.

7.Во сад ставете 50 мл вода, една лажица мед и оставете да зоврие, а потоа со четка премачкајте ги печените кифлички.

 

Извор: Минута.мк

loading...