Објавен огласот за надомест на трошоци за ПВЦ или алуминиумски прозорци

АКЦИЈА
loading...

Министерството за економија денес го објави Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата во 2018-та година.

Според наведеното, граѓаните може да добијат субвенции до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.

Право на аплицирање имаат оние кои ќе купат и вградат прозорци по денот на објавување на огласот до 31 август годинава.

Деталите за условите и начинот на поднеување на барањето може да ги најдете во ОГЛАСОТ на веб страната на Министерството за економија.

loading...