Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме?

АКЦИЈА
loading...

Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме цигари?

Пушачите, во просек, имаат помалку килограми од непушачите, а влијанието на никотинот на метаболизмот е комплексен. Се претпоставува дека никотинот го зголемува влијанието на лептинот и грелинот, што резултира со намалување на апетитот.

Лептин е полипептид што се произведува во масното ткиво. Концентрацијата на лептин ја одржува количината енергија што се складира во масното ткиво, а нивото на лептинот зависи од калориите и директно е пропорцинален на количината на масното ткиво.

Грелин е хормон што го стимулира апетитот. Станува збор за полипептид кој се произведува во желудникот. Тој заедно со рецепторот се наоѓа во целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции.

Дејствувањето на грелинот го потиснува никотинот и го зголемува дејствувањето на лептинот, а крајниот резултат е намалување на апетитот. Никотинот влијае на симпатичниот нервен систем, а резултат е зголемено ниво на адреналин и забрзување на метаболизмот.

Со престанување на пушењето цигари се зголемува апетитот и заздравуваат рецепторите за вкус на јазикот, поради што личноста која престанала да пуши подобро го чувстува вкусот на храната.

loading...