Претседателот кој има 17 службени возила, а планира да набави уште 2

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, планира да го збогати возниот парк.

Toj идниот месец планира да купи два нови автомобили, со што нивниот број во Кабинетот на претседателот ќе се зголеми на 19, колку што е и бројот на советниците на Додик.

Надлежните служби, распишале тендер за набавка на два нови службени автомобили за што е планирано да се издвојат околу 49.000 евра, или 115 просечни плати во Република Српска.

Во тендерската документација е наведено дека новите металик црни лимузини мора да имаат мотор со јачина од 150 коњски сили, автоматски трозонски клима уред со дополнителни контрoли за климата, систем на воздушни завеси за патниците, а предните седишта да се прилагодуваат и по височина и за лумбалниот дел на грбот.
loading...