Џафери: Не сакам да ставам потпис под туѓо име

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, побарал средба со претседателот Ѓорге Иванов. Одговор не добил, но вели дека се бара решение за законот за јазиците да стапи во сила.

Тој не открива кои се можните решенија, но вели дека ќе се прифати она што е најприближно до процедурите.

„Јас нема да се впуштам да ставам потпис на нечие име“, рече Џафери на брифинг со новонарите.

Џафери повтори дека должност и обврска на Иванов е да го потпише законот по второто гласање и дека со неговото однесување го крши Уставот.

loading...