Петмина од обвинетите за 27 април ноќеска повторно вратени во притвор

АКЦИЈА
loading...

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поранешниот началник во МВР, Душко Лазаров, поранешниот вработен во собраниското обезбедување Горан Ѓошевски, како и Митко Пешов и Оливер Поповски повторно се вратени во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Од МВР за сега официјално потврдуваат дека постапувајќи по решение на Основниот суд Скопје 1 пет лица се пренесени во Истражниот затвор Скопје. За ваквиот потег се чекаат официјални информации од Основниот суд Скопје 1 .

Врховниот суд и на дел од обвинетите за настаните од 27 април мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор. На вчерашната прес-конференција Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поднесено обвинение и дека со него е побарана мерка притвор за дел од обвинетите.

Од Основниот суд се чека офоцијална информација дали враќањето во Истражниот затвор во Шутка на петмината обвинети е откако судот го прифатил предлогот на обвинителството и одлучил повторно да им биде определена мерка притвор.

loading...