Николоски за Алсат: Да бев на местото на Заев ќе предложев амнестија за 27 април

АКЦИЈА
loading...

Постои сериозен притисок врз јавното обвинителство од страна на СДСМ. Тоа се гледа од фактот што тоа што е во нивните партиски соопштенија, истото го има и во обвиненијата за лицата од 27 април, што претставува притисок, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше на АлсатМ телевизија.

Тој вели дека во однос на настаните од 27 април, има два факти, тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија која го осуди инцидентот, и второ дека се претера со осудата за тероризам.

Она што е симптоматично, според Николоски е што нема одговорност за политичко насилство и како што додава, зошто не се говори за тоа дека на 27 април имаше нелигитимен избор на претседател на Собранието.

Тој е категоричен дека ВМРО-ДПМНЕ на ниеден начин нема ништо со организација на тој настан, туку дека истиот е израз на револт и ги премина границата. Но, додава Николоски, тоа никако не е тероризам. Оттука очигледна е политизацијата, а минимум коректно ќе беше да имаше и истрага дали се испочитувани сите процедури за избор на претседател.

Говорејќи за тоа дека имало телефонски разговори чија содржина била координација меѓу лицата кои протестирале и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски прашува како е можно да се знае содржината на разговорот кога се знае дека за да се следи комуникацијата треба да има наредба од суд.

-Како обвинителството знае што се зборувало на телефон, претпоставувам имаат листинг на броеви, но од каде знаат за што се зборувало. Ова говори само до каде оди политизацијата на настаните, категоричен е Николоски.

За да се разреши целата ситуацијата, односно да се работи на релаксација на односите, а не на нивна радикализација, според него премиерот Зоран Заев треба да предложи закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април.

-Да бев Зоран Заев ќе предложев закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април и ќе им простев. Факт е дека се случи насилство, проблемот е што не се гонат луѓе кои извршиле насилство зошто за нив има и пресуди, туку се претпоставува дека имало организирање, вели Николоски.

Според него мора премиерот да има зрел политички одност кон настаните.

-Работата на еден политичар особено ако е лидер, а премиер е лидер на една држава е да се става над ситуација, да ја гледа ситуацијата од горе, и да се обидува состојбите во сопствената држава да ги релаксира, а не радикализира. Се претера во одмаздата на СДСМ, не може луѓето да ги обвинувате за тероризам. Ако сакаме да имаме помирување во оваа држава и политичко и етничко, а факт е дека има голема поларизација, чекори мора да прават тие кои се дел од тоа, за да имаме помирувње чекорот мора да е направен од СДСМ за да знаци помирување во дрзавата, заклучува Николоски.

loading...