Ние на Северна Кореја ѝ покажавме заби, а вие за еден протеран руски дипломат сте запнале

АКЦИЈА
loading...

Ви текнува кога премиерот Зоран Заев лани во септември се обрати пред 72-рото Генерално собрание на Обединетите Нации?

Ако не ви текнува, да ве потсетиме: На тоа обраќање, Зоран Заев ја повика Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма.

„Пролиферацијата на оружје за масовно уништување и нивните средства за испорака продолжува да ја загрозува глобалната безбедност. Длабоко сме вознемирени од континуираните еднострани акции на Демократска Народна Република Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни тестови и ракетни лансирања и покрај повторените повици од страна на меѓународната заедница за целосно усогласување со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН. Ние веруваме дека мирна денуклеаризација на Корејскиот полуостров е одржлива можност и затоа ја повикуваме Демократска Народна Република Кореја веднаш да ги напушти своите нуклеарни и ракетни програми и да го потпише и ратификува Договорот за комплетна нуклеарна забрана“, порача премиерот Заев.

И еве го денес Ким Џонг Ун, малку по малку станува бајче. Се смири прво со Јужна Кореја, па со Кина, па којзнае кај ќе му биде крајот.

Извор

loading...