Криминалец претепал цариничка во Делчево – МВР сака да го заташка случајот

АКЦИЈА
loading...

Насилство на граничниот премин во Делчево, познат локален криминалец претепал цариничка на нејзиното работно место по што МВР не презема ништо и сака да го заташка случајот – дознава Република.

Инцидентот се случил попладнево, кога лицето со иницијали Д.Г со мотор крос влеголo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С, која била на нејзиното работно место во униформа.

Како што дознаваме од очевидци на настанот Д.Г почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12 часовна смена и ручала во бифето. Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и и нанел тешки телесни повреди по што М.С. паднала и во несвест. По настананот Д.Г побегнал со неговиот мотор. Била повикана и полиција, дошол и инспектор, но како што дознаваме по насилникот не се трага.

Д.Г и е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие.

Покрај тоа што е извршен напад врз службено лице кое е на должност и се здобило со тешки телесни повреди, полицијата не трага по сторителот. За информација се обидовме да стапиме во контакт со портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова чиј телефон попладнево е исклучен.

Го побаравме и јавниот обвинител од Делчево, Бранко Тричковски, кој не извести дека е запознаен за случајот но нема обвинение затоа што полицијата не ја завршила истрагата, за која ние имаме информации дека намерно се одолговлекува за да се заштити сторителот. Тричковски за дополнителни информации ни даде контакт од инспекторот Валери Тасевски кој го води случајот.

Тасевски одговори на нашиот телефонски повик, но откако го известивме зошто го бараме го прекина разговорот со зборовите „Јас не сум портпарол.“. По што не одговара на нашите телефонски повици.

loading...