Домашен и совршен: Јафа колач за тие со префинет вкус

АКЦИЈА
loading...

Без многу опишувања на вкусот кој ионака тешко, речиси невозможно е да се опише, одиме со рецептот.

Потребни состојки: 2 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици млеко, 10 лажици масло, 15 лажици брашно, прашок за пециво.

За филот: 4 лажици џем од кајсии, еден голем смрзнат и изрендан портокал, 4 лажици млеко, 2 лажици масло. За глазурата: 100 грама чоколадо, 50 грама путер, 2 лажици млеко.

ПОДГОТОВКА

Чекор 1. Изматете ги двете јајца, шеќерот, млекото, маслото, брашното и прашокот за пециво и смесата испечете ја во голем плех со тенка коричка. Поделете ја на половина и еден дел издробете ја.

Чекор 2. Во издробениот дел додајте ги изренданиот портокал, џемот, млекото и маслото и направете хомогена смеса. Со оваа смеса филувајте ја останатата, цела половина од тестото. Направете глазура од чоколадото, путерот и млекото и прелијте преку филот. Откако ќе се излади, сечете ја на парчиња во форма по ваш избор.

loading...