ВМРО ДМПНЕ: Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека барал поткуп

АКЦИЈА
loading...

Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде Премиер на Владата на Република Македонија. Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде на функција, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси себе си. Јавното обвинителство и судот мора да соберат храброст и да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта за да го истераат случајот до крај.

Не смее немоќта да се гони криминалот на власта да се покрива со неосновани, политички монтирани обвиненија против неистомислениците.
Република Македонија е заробена држава. Владеењето на правото е девалвирано.

Неосновано обвинетите патриоти кои се гонат за политички нарачаното дело тероризам мора да бидат ослободени од притвор и од апсурдното обвинение.
Судството е под стегите на власта и дозволува Заев да прави што ќе му текне, додека политички нарачки против политичките противници на Заев се извршуваат експресно.

Декларативните заложби на Заев за интеграција на државата во ЕУ и НАТО се само замајување на јавноста и дефокус од хаосот со кој се соочува правосудството, политички монтираните случаи и притвори.

Државата нема да тргне ниту милиметар кон ЕУ и НАТО доколку Република Македонија не може да воспостави цврст систем на владеење на правото.

СДСМ сноси директна одговорност за деградираниот правен систем и девалвираната правна држава. Правдата мора да се врати. Правдата и ќе се врати, а тогаш сите оние кои постапувале политички, а не по словото на Законот и Уставот ќе сносат одговорност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...