Скопјанец: И овој Велигден ќе го дочекаме сами до сопругата, децата се во Германија

АКЦИЈА
loading...

На праг ни е Христовото воскресение Велигден. Секое семејство, па дури и поскромно се спрема за овој голем ден. Уште сега домаќинките прават планови и подготовки.

Семејството Маневски од скопско Стајковци и овој празник ќе го поминат сами. Како што велат четврт Велигден по ред. Тие имаат двајца синови, снаи и пет внучиња. Сите тие се во Германија.

Откако не можеле да излезат на крај во Македонија со платите кои ги земале, решиле подобри услови за живот да најдат во Германија.

-Залудно беше, што делевме од наши уста за да ги школуваме, кога во родната земја за нив немаше работа. Најпрвин ни замина едниот син, а потоа го одведе и другиот. Потоа заминаа и нивните сопруги и деца. Внуците таму одат сега во училиште. Велат дека им е убаво. Имаат финансии за нормален живот. Тука се случуваше да бараат пари од мене, од мојата пензија за да излезат на крај. Беа задолжени по банките. Спас најдоа во Германија, раскажува дедо Јово.

Тој вели дека е среќен за неговите деца, но и истовремено е тажен.

-Куќата ми е празна. Дворот. Сами сме со сопругата и за добро и за лошо. Децата доаѓаат еднаш, до два пати годишно. Беа за Нова година, па се надеваме дека ќе дојдат во текот на летото. Се наближува Велигден. И овој, ќе го дочекаме сами. Немаме желба за да се спремаме и да се радуваме, кога децата не ни се тука. Немамо со кој да ја споделиме радоста. Не викаа да си одиме кај нив, но ние сме стари и болни за таму. Имаме преку 70 години, додава дедо Јово.

loading...