Руски пророк: Антихристот ќе дојде со Ајфон и виртуелна реалност

АКЦИЈА

Најпопуларниот и најконтроверзен руски Фејсбук-блогер и колумнист, кој пишува под псевдонимот Иван Рахметов, објави нова колумна која повторно наиде на жестоки реакции, а социјалната мрежа се заканува дека ќе му го суспендира профилот. Во новиот блог тој опфати табу тема за доаѓањето на антихристот на земјата и го поврза со актуелната политичка ситуација и глобализација.

Неговиот блог го пренесуваме во целост:

“Антихристот ќе се појави пред да биде формирано единствено глобално друштво (megasocium).

Зошто појавата на светски политички лидер кој ќе биде објект на религиозно верување не била возможна во 19 и 20 век? Затоа што работникот на Маркс бил нешто друго.

А денес на глобалното друштво не му се потребни ниту Маркс ниту некои филозофи. Доволен им е само Ајфон и наочари за виртуална реалност.

Погледот на светото на таков човек ќе биде во стилот на “фантазија”, со хороскопи, пирамиди кои лечат, древни предмети, вонземјани и пророштвата на Баба Ванѓа за војната со Турција.

А кога целиот свет неизбежно ќе се спушти до таква состојба, самата брзина на таа промена можеме да ја видиме на пример со пораншната советска република (Украина), тогаш некој гелијален зол лидер со помош на сложената технологија ќе спушти оган од небото кон себе и ќе предизвика вистинско верување.”

loading...