Покренато обвинение против 30 лица за случувањата на 27-ми април

АКЦИЈА
loading...

Обвинителството за гонење на организиран и корупција ја заврши истрагата за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година.

Обвинителството до судот поднесе обвинителен акт против 30 лица од вкупно 35 осомничени. Од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело. За четири лица постапката е прекината со оглед на тоа што не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така, за едно лице, односно за пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок со насилство и создале чувство на несигурност и страв. „Опсежната истрага утврди дека обвинетите дејствувале со иста цел извршувајќи усогласени дејствија“, рече Јовевски.

Според обвинението, обвинетите го загрозиле животот на пратениците, новинарите и на вработените кои во тој момент биле во законодавниот дом.

Според обвинението, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ ги повикале насобраните граѓани од пред Собранието и со потпалувачки говори ја поттикнале нетрпеливоста кај нив. Исто така, еден од обвинетите пратеници остварил телефонски контакт со друго сега обвинето лице кое чекало пред вратата со што, според обвинението, се утврдува телефонска координација. Исто така, пеетемината обвинети пратеници заедно со други обвинети од обезбедувањето на Собранието отвориле две влезни врати и со тоа овозможлило влез на лицата. Исто така, обвинетите лица од обезбедувњто ја насочувала толпата каде да се движи.

Истовремено е поднесен предлог до Судот за продолжување на мерките притвор и куќен притвор.

loading...