И на крај, кој е крив за 27 април?

АКЦИЈА
loading...

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески не откри кој е нарачателот на настаните на 27 април минатата година во Собранието, ниту пак откри каква функција има. На денешната конференција за медиуми во ЈО за организиран криминал и корупција Јовески соопшти дека истрагата за 27 април е завршена и дека е поднесено обвинение во Основниот суд Скопје 1.

Со обвинителниот акт опфатени се 30 лица, од кои 28 се гонат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбеднос та, а две лица се гонат за помагање при вршење на тоа кривично дело.

Портпаролката на ЈО Елзиабета Недановска рече дека за четворица од осомничените лица постапката е прекината бидејќи тие во моментов се недостапнани на органите на прогонот, а обвинителстото ќе ја продолжи постапката по нивно пронаоѓање.

За пратеничката Жаклина Пешевска постапката е запрена бидејќи во текот на истрагата не се најдени докази дека таа сторила кривично дело.

„Обвинителството утврди дека обвинетите со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија и да оневозмножат избор на претседавач и претседател на Собранието, предизвикале акт на насилство со што го загрозиле животот на пратениците, на новинари, на овластени службени лица и вработени во законодавниот дом и создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните“, соопшти портпаролакта Недановска.

Со обвинителниот акт опфатени се три лица, припадници на МВР кои како овластени службени лица биле носители на златна и сребрена команда. Овие лица, според обвинителниот акт, иако континуирано биле известувани дека животот на пратениците е загрозен, како и на новинарите, вработените и овластени службени лица во Собранието, тој ден не издале наредби за распоредување на дополнителни специјални полициски сили за внатерешно и надворешно обезбеднување на Собранието. Овие обвинети, според обвинителството, не издале ниту наредба за евакуација, со што овозможиле непречено да бидат извршувани акти на насилство и директно придонеле да се извршат целите на насилниот напад.

Во групата обвинето е и лице кое на 27 април преку телефонски повик, во 14,30 минути било известено да ја почне акцијата и заедно со уште неколку обвинети го мобилизирале членството од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието. Десетмина од обвинетите организирале поголема група на кои им делеле фантомки, и заедно со нив по претходен телефонски повик во 18,58 се упатиле кон зградата на Собранието.

Во обвинението опфеатени се и лица кои биле учесници во друга група како организатори на движењето За заедничка Македонија. Овие четворица обвинети ги повикале и ги повеле насобраните граѓани кон Собранието и со потпалувачки говор ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани. Поттикнатите граѓани, соопшти обвинителството, заедно со групата која носела фантомки, ја прескокнале заштитната ограда околу Собранието и се обиделе со туркање насилно да ја отворат влезната врата.

Поради безбедносната заштита не успеале во тоа.

loading...