Maкедонец во албанска бурекџилница во Куманово порачал на македонски: „Ме гледаа попреку ко да сум им убил мајка”

АКЦИЈА
loading...

На социјалните мрежи се шири Фејсбук статус на извесен Македонец Б.М. , кој доживеал непријатна ситуација во една кумановска бурекџилница. Само поради тоа што порачал на македонски јазик, Бојан можел да го извече подебелиот крај, па наместо ѓеврек и јогурт непотребно да биде нападнат.

“Куманово, Јас во бурекџилница. Сум застранил во албански дел од градот, немам поима, а не ме ни интересирало.

Внатре гужва, присутни 15 луѓе во објектот, два-тројца постари во години, останатите беа млади. Ситуација мирна се додека…

Ми дојде редот, културно си чекав, ми се обрати вработената на албански, на кои што и реков на македонски

,,Ве молам, еден ѓеврек и јогурт”.

И тогаш ко да е удри гром од ведро небо, младите почнаа да ме гледаат попреко ко да сум им ја убил мајка им.

Јас Повторувам ,,Ќе може, ѓеврекот и јогуртот?”. Ми се обраќа на албански повторно и ми крева рамења, на што во моментот се вмешува еден од постарите во објектот, човек во години, и и прозбори нешто на албански и тогаш ми го подаде бараното, на што стариот човек ми преведуваше дури и за цената колку да платам. Платив и си тргнав, на што стариот дедо ме фати за рамо и ми кажа ,,Синко, не планирај тука да ја јадеш храната, замини си подалеку, такви се тука младите, имаат проблем со тебе ако не си наш”.

Му се заблагодарив и заминав.

И чек сега, ова е тој соживот, во своја држава да имам ограничувања кај да се движам? Ај ако не и бели траки на рака, ко Хитлер на Евреите да ни стават.

Во своја држава да знам туѓ јазик за да морам да добијам да јадам? Лудило.

И не, неаме ние проблем со нив, него они со нас, тоа затоа што се многу допуштени од наште немакедонски политичари.

Конвенцијо за Човекови Права, се слушаме?”

loading...