Знаци дека имате проблеми со срцето: Ова се јасни предупредувања!

АКЦИЈА
loading...

Гласното рчење можеби не е иритантно само на вашиот партнер, туку е и знак на спијачка апнеја. Ова е пореметување кога лицето престанува да дише на неколку моменти, за време на спиењето. Често се поврзува со проблеми со срцето и зголемен ризик од престанување на работата на
срцето…
Срцето е мускул кој со пумпање секој орган го снабдува со одредено количество на крв. Човечкото тело не може да преживее без работата на срцето. Потребно е околу 7 минути за да целото тело умре кога срцето ќе престане да пумпа крв, а болестите на срцето се една од најчестите
причини за смрт.

Атеросклерозта е еден од најчестите виновници на срцевата инсуфициенција. Кога во артериите на срцето ќе се создадат „мрсни плочи“ на срцето му станува тешко да пумпа крв, преку стеснетите крвни садови.
Понекогаш срцето ја губи способноста да чука со нормален ритам и да ја подобри циркулацијата на крвта. Постои мноштво здравствени проблеми и навики кои можат да предизвикаат аритмија. Најчести од нив се дијабетес, пушење, генетски аномалии на срцето, дроги, алкохол и атеросклероза.
Покрај ова има бројни срцеви проблеми како инфаелции, валвуларни болести, кардиомиопатија и т.н., кои можат да бидат опасни по живот.
Обрнете внимание на овие симптоми за да откриете дали вашето срце не работи нормално:

1. Непријатно чувство во градите

Ќе почнеме со најчестите проблеми. Чувство на болка, притисок и непријатност во градите е чест знак на проблеми со срцето. Ова чувство може да биде нормално во текот на физички активности и ќе се ослободите со одмор. Меѓутоа, ако болката почнува нагло и е следена со замор, мачнина и вртоглавица, време е да посетите лекар.

2. Киселина

Хранопровод е орган кој ги поврзува вашата уста и грло со стомакот а се наоѓа релативно блиску до срцето. Поради тоа е можно да се мешаат болките во стомакот со непријатните болки на срцето.

3.Рчење

Гласното рчење можеби не е иритантно само на вашиот партнер, туку е и знак на спијачка апнеја. Ова е пореметување кога лицето престанува да дише на неколку моменти, за време на спиењето. Често се поврзува со проблеми со срцето и зголемен ризик од престанување на работата на
срцето.

4.Мачнина

Има многу причини поради кои можете да се чувствувате лошо. Но, неколку студии покажале дека жените имаат поголема веројатност да почувствуваат мачнина и повраќање како предзнак на срцев удар.

5. Отечени нозе

Срцето кое не работи добро не може ефективно да пумпа крв и така да го отстрани вишокот течност. Како резултат на тоа вашите зглобови и стапала можат да станат големи и отечени.

6. Нееднакви отчукувња на срцето

Веројатно сте забележале дека срцето, кога сте нервозни, побргу ви чука. Би требало да знаете дека прескокнувањето на отчукувањата и нееднаквиот срцев ритам можат да укажуваат на атријална фибрилација. Оваа доста тешка аритмија може значително да ги зголеми шансите од срцев удар.

loading...