ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да присвои проект на Коце Трајановски

АКЦИЈА
loading...

„СДСМ се обидува проектот кој што беше содржан во програмата на Коце Трајановски на последните локални избори да го прикаже како свој. Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Керамидница не беше споменат во програмата на Шилегов, туку беше дел од програмата на Трајановски. Ова е уште еден показател дека СДСМ нема ниту визија, ниту способност да реализира свој проект.

Ново сообраќајно поврзување на Аеродром преку изградба на нов мост на реката Вардар.Со вредност од над 8 милиони евра, ова е најголемиот капитален проект предвиден за наредните 4 години за овој дел од Скопје.Со овој мост ќе се добие уште еден пристап на жителите на Аеродром до централното градско подрачје и ќе се намали сообраќајниот метеж.Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија! #НоваЕра #НовиПобеди

Публикувахте от Коце Трајановски в 12 октомври 2017 г.

Петре Шилегов освен што наследи конкретни планови, проектни документации, тој наследи и полна каса од над 20 милиони евра во буџетот на Град Скопје, но за жал освен празни зборови нема никакви конкретни активности, а уште помалку отпочнување на реализација на ветувањата кои тој ги даваше“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

loading...