Вкусни Арапски палачинки

АКЦИЈА
loading...

Дали некогаш сте јаделе арапски палачинки? Станува збор за еден нов рецепт, кој е вреден да се испроба уште денеска… Убавината на палачинката се гледа уште на прв поглед…

Состојки:

Тесто:

-250 гр.брашно

-250 гр.гриз

-едно јајце

-еден прашок за пециво

-една ќесичка сув квацес

-една мала лажичка сол

-две мали лажички шеќер

-топла вода

Подготовка:

Првин квасецот разматете го со малку млака вода. Брашно, гриз, сол, шеќер и пециво измешајте ги и додадете јајце и разматениот квасец и со топла вода направете тесто како за обични палачинки.

Тестото оставете го да стои околу еден час и пред печење, пак добро измешајте. Тавчето треба да биде добро загреано и само првиот пат треба да го намачката со масло и да ги печете палаинките на мала температура и тоа само од една страна.

Ќе забележите како се прават мали балончиња.

loading...