ПРОТЕСТИ ВО СТРУГА: Македонското знаме на јарбол!

АКЦИЈА
loading...

Лошото време во Струга не ги одврати граѓаните да се спротивстават на катастрофалните национални политиките на СДСМ. Со огромна симболика после 14 години од територијалната поделба повторно се одржаа протести во градот на поезијата кој поминаа во мирна атмосфера со народна песна и голема енергија насочена кон заштита на државата.

Граѓаните и покрај дождот и лошите временски услови во голем број присуствуваа на протестите. Протестот се одржи на главната раскрсница во Струга под двометарскиот јарбол на кој високо се вееше државното знаме.

Протестот се одржа во 14 часот. Граѓаните масовно се мобилизираат во заштита на националните интереси. Атмосферата во државата е зовриена поради низата на понижувања кон македонскиот народ кои се случија во многу краток период.

Она што ја прели чашата беше насилното носење на противуставниот Закон за двојазичност, на што му претходеше асиметричниот договор за добрососедство со Бугарија и влошената економска состојба. Најавата за промена на името дополнително ги мобилизира граѓаните кои во огромен број се залагаат за целосен прекин на преговорите за името со Грција.

loading...