Зеленчук за здраво срце

АКЦИЈА
loading...

Лутите пиперки и други лути зачини можат не само што помогаат за намалување на тежината, но и ја намалуваат прекумерната употреба на сол, што влијае добро на срцето и крвните садови. Ова се вели во една статија објавена во магазинот „Hypertension“, цитирано од агенциите.

„Неодамна наши колеги открија дека мали дози капсацин, лутата материја во пиперките, го засилува солениот вкус. Проверивме дали тоа влијае на употребата на сол“, изјави Чимин Чу од Третиот воено-медицински универзитет во Чонгкинг.

Лутата храна често се смета за бескорисна, па дури и штетна за стомакот и другите органи. Во последниве години, научниците открија дека црвените чили пиперки и други лути храни имаат доста предности. На пример, пред две години биолозите открија дека лутото води до согорувањето на маснотиите, го забрзува метаболизмот и ги намалува воспаленијата.

Чу и неговите колеги открија уште еден позитивен квалитет на лутата храна, следајќи околу 600 волонтери кои се согласиле да консумираат лута храна во текот на одреден временски период.

Набљудувањата дале интересни резултати. Утврдено е дека употребата на лута храна го намалува притисокот во крвните садови. Ова е поврзано со фактот што волонтерите значително ја намалиле консумацијата на сол.

Научниците исто така откриле дека центрите на солениот и лутиот вкус во мозокот се наоѓаат еден до друг и делумно се испреплетуваат. Затоа, вклучувањето на центарот, кој одговара за лутиот вкус, ги подобрува перформансите на клетките, кои се одговорни за препознавање на сол. Значи, храната изгледа посолено, отколку што навистина е.

loading...