Неколку работи кои ѝ ги правите на вашата вагина, а не смеете

АКЦИЈА
loading...

Ако не ѝ ја обезбедувате вистинската нега, ве демне ризик од бројни компликации и инфекции.

Работи кои не смеете да ѝ ги правите на вашата вагина:

Директен млаз во вагината
Сосема е во ред убаво да ја миете вашата вагина, но не смеете да насочувате силен млаз кон нејзината внатрешност.

На тој начин ги измивате добрите бактерии. Нарушениот pH баланс ќе ви донесе многу инфекции.

Многу козметички средства
Вагината е многу добра во чистењето на сама себе, па нема потреба да ставате многу сапун и парфимирани козметички производи.

Трикови за затегнување на вагината
Вашиот партнер треба да ви ја сака вагината таква каква што е. Нема потреба да користите чудни комбинации на билки за да ја затегнете.

Затегнувањето оди на принцип на сушење, а тоа не е добро за неа.

Бизарни начини за намалување на болките при циклусот
Верувале или не, во некои делови на светот се оди дотаму што некои жени ставаат марихуана во нивата вагина. Една компанија дури и смисли капсули на оваа база за директно ублажување на болката.

Ова е нелегално и нетестирано, па навистина не ви гарантира резултати. Не смеете да експериментирате со нешто што не е безбедно.

Прифаќање секакви совети

Познатите личности и некои самопрогласени доктори може да ви дадат совет кој ќе ви предизвика низа негативни последици.

Пред да послушате и примените што било, прво консултирајте се со вашиот гинеколог.

Уринирање пред секс
Уринирајте по сексот, никако пред. На овој начин ќе ги избегнете уринарните инфекции.

Кога одите во тоалет пред секс, по сексот имате слаб млаз на урина или воопшто не ви се оди во тоалет и така не доаѓа до убаво измивање на уринарниот тракт, па бактериите се развиваат.

Се облекувате веднаш по туширањето
По туширањето избришете се со пешкир и барем неколку минути останете така за да дојде до убаво природно сушење на вагината.

Знаеме дека сигурно брзате некаде, но со облекувањето веднаш на гаќички и фармерки вие ја задржувате влагата од туширањето внатре и во комбинација со топлината создавате совршена почва за развој на бактериите.

Постојано носите долна облека
Кога можете дозволете си малку релаксација без гаќички.

Легнете во креветот во ноќница без долна облека, на вашата вагина ѝ е потребно да дише.

loading...