Го демолирале локалот откако келнерот одбил да им донесе пијалок

АКЦИЈА
loading...

На 24.03.2018 година во 01.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во угостителски објект на бул. „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

По завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите.

После тоа, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец.

На повреди се пожалиле повеќе лица, но само В.Н. (45) од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

loading...