Едноставен трик за да проверите дали имате здраво срце

АКЦИЈА
loading...

Врз основа на некои неодамнешни истражувања, луѓето коишто можат да се истегнат доволно за да ги допрат прстите на нозете со помош на рацете, имаат здраво срце.

За да ја примените оваа техника седнете на подот со добро испружени нозе и прстите кренати нагоре. Обидете се да ги допирате прстите со вашите раце. Доколку успеете, вашето тело е доволно флексибилно, што значи дека и срцето е исто така флексибилно и здраво.

Истражувањето спроведено во САД опфатило 526 испитаници на возраст помеѓу 20 и 70 години, и истото потврдило дека личностите со срцеви заболувања не можат или имаат тешкотии да си ги допрат прстите.

Ова испитување ја открило врска помеѓу еластичноста на телото и еластичноста на артериите, особено кај лицата постари од 40 години.

Испробајте го овој метод и доколку можете да си ги допрете прстите додека седите исправено со правилно испружени нозе, знајте дека вашето срце е во беспрекорна состојба.

Во случај да не можете да ги дофатите прстите, препорачливо е да посетите лекар што е можно поскоро.

(О)Милена | Црнобело

loading...