Препознајте ги симптомите. Излечете ја Хеликобактер пилори навреме

АКЦИЈА
loading...

Многу луѓе кои имаат Хеликобактер во прв момент немаат симптоми, но истата може да ја нагриза слузокожата на дигестивниот систем и да предизвика чир на желудник.

Хеликобактер пилори ја имаат сите луѓе во дигестивниот систем и доколку е во нормални граници, не предизвикува никакви сериозни проблеми. Но, доколку се размножи во голем број, може да предизвика чир на желудник или тенко црево.

Оваа спирална бактерија се развива во хемиски кисела средина. Таа лесно се адаптира и на базни услови, со тоа што ги претвора во кисели и може да навлезе во слузокожата и да предизвика стомачни проблеми.

Симптомите може да варираат од лесни до многу тешки – надуеност, мачнини, нагло губење апетит или пак необјасниво зголемен апетит, болки во абдоменот, како и губење на телесна тежина.

Нејзиното зголемено присуство може да се дијагностицира преку крв или со биохемиска анализа на примерок од столицата. Терапијата вклучува антибиотици, пробиотици и целосна промена на исхраната и животниот стил.

Се препорачува да се јаде храна што е ПХ-алкална или неутрална, а да се избегнува киселата.

ПХ-алкални намирници:
Спанаќ, брокула, целер, лук, магдонос, морков, тиквици, цвекло, суви смокви, лубеница, урми, грозје, киви, јаболки, круши, лешници, бадеми, зелен чај, јаворов сируп.

ПХ-неутрални намирници: Пченка, печурки, зелка, карфиол, компир, маслинки, соја, благ компир, грав, цреши, домати, портокали, ананас, авокадо, праски, сливи, банани, овес, интегрален ориз, растително млеко, полномасно млеко, путер, јогурт, младо сирење, кокос, семки од тиква, сончоглед, сусам, чај од ѓумбир, какао, мед.

ПХ-кисели намирници (треба да се избегнуваат при Хеликобактер): Закиселен зеленчук, конзервирани овошни компоти, бел ориз, бели печива, јагнешко, мисиркино, пилешко, телешко, морски плодови, јајца, тврди сирења, индиски ореви, орев, кикирики, вино, кафе, вештачки засладувачи, оцет, мармалад, кечап, мајонез.

loading...