Овие три хороскопски знаци да внимаваат – ќе имаат лош викенд

АКЦИЈА
loading...

РИБИ

Живеете во некој свој свет и мечтаете да се случи некое чудо кое ќе ви го смени животот. Работите ви одат добро, но ве убива монотонијата. Потребно ви е нешто што ќе ви донесе нов правец. Се уште не знаете што е тоа, но тоа не ви пречи да мечтаете. Ако одите на пат, бидете внимателни и добро чувајте ги документите.

Бидете внимателни и во однесувањето кон партнерот. Тој премногу буквално ве сфаќа и подготвен е на кавга. Ако сте осамени, можно е да сретнете личност која со вас ќе сака само кратка авантура. Од вас зависи дали ќе го прифатите тоа.

СКОРПИЈА

Финансиската ситуација во која се наоѓате не ви дозволува да се опуштите. Викендов ќе го започнете со размислувања и договори во врска со работата. Постои можност да добиете помош од една постара личност. Советот ќе ви помогне долгорочно да ги решите финансиските проблеми.

Освен околу работата, ќе се занимавате и со проблемите во домот. Имате потреба да внесете нешто ново што ќе ви ја зголеми енергијата. Ако имате намера да го поминете викендот во дружење, можно е да сретнете еден стар познаник кој ќе го привлече вашето внимание.

ВАГА

Ако за време на викендот имате намера да патувате во странство бидете внимателни со документите. Може да ви се случат некои непријатности во врска со нив. Останатите ваги ќе уживаат во пријатното дружење со пријателите. Доколку сте вљубени, саканата личност пријатно ќе ве изненади.

Освен изненадувањето, саканата личност ќе ви каже нешто што ќе ве натера на размислување. Очекувајте сосема да ви се сменат перцепциите за нештата околу вас. Ако играте игри на среќа, викендов ќе имате шанса да добиете одредена сума на пари.

loading...