Огромен пожар во зграда со над 700 семејства

АКЦИЈА
loading...

Најмалку 13 лица загинаа, а 28 се повредени откако денеска изби пожар во 20-катна зграда во градот Хо Ши Мин Сити, во станбен комплекс, каде живееле повеќе од 700 семејства.

Неколкумина скокнаа од зградата кога изби пожарот во Карина Плаза Билдинг, јави ДПА.

Околу 200 пожарникари се бореа со пожарот и го ставија под контрола за три часа.

Полицијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од експлозија во паркинг гаражата во зградата. Подрумот е целосно уништен, заедно со 13 автомобили и 150 мотори.

loading...