И од потпис има попотпис (Анализа)

АКЦИЈА
loading...

Талат Џафер и да стави потпис наместо претседателот Ѓорге Иванов на указот на Законот за употреба на јазиците тоа нема да биде валидно бидејќи собранискиот спикер не може да го заменува шефот на државата во услови кога тој во целост ја извршува својата функција, се вели во анализата на телевизија Сител.

Ваквиот заклучок произлегува од веќе воспоставените преседани кога Уставниот суд ваквата постапка ја оценил како противуставна. На ова упатува одлуката на Уставниот суд од 1998 кога имало ваков обид од страна на Тито Петковски по повод законот за знамиња на националностите.

Петковски тогаш се потпишал на указот на местото на претседателот Киро Глигоров кој бил на службено патување, а по ова Законот за знамиња бил објавен во службен весник со два потписа од тогашниот собраниски спикер Тито Петковски. Година дена подоцна Уставниот суд одлучил дека ваквото законот е неуставен, а уште побитно како неуставна ја оценил и постапката на Петковски за потпишување на указот.

Уставниот суд тогаш во образложението истакнал дека, указот е потпишана од Претседателот на Собранието во својство на претседател на државата иако на претседателот на Републиката не му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши’’.

Во овој случај уставните судии се повикувале на Членот 92 од Уставот каде што е дефинирано кога собранискиот спикер ја врши функцијата на претседател на државата. Во овој член се утврдени три ситуации кога Претседателот на Собранието е овластен да го заменува:

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот на Претседателот по сила на Уставот до избор на нов шеф на државата.
Настапилe услови за престанок на функцијата претседател што го утврдува Уставниот суд по службена должност.
Во случај на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

loading...