Протестираа отпуштените просветни работници, градоначалничката на Битола денеска немаше време за нив

АКЦИЈА
loading...

Отпуштените просветни работници од Битола денеска протестираа пред зградата на општината поради неоснованите откази кои им биле дадени. Градоначалничката на СДСМ, Наташа Петровска врши политичка хајка против образовни работници, а на нивно место вработува партиски војници кои се некадарни и немаат положен приправнички испит.

Образовни работници кои имаат работен однос повеќе од две години во градинките и училиштата во Битола, наместо да им биде продолжен работниот однос или да биде трансформиран добиваат откази без никакво образложение, а на нивно место се вработуваат нови наставници кои патем немаат положено приправнички испит.

Според Гордана Јоначиќ, претставничка на координативното тело на отпуштени образовни работници од образовните институции во Битола, со ваквите постапки покрај правните се нарушени и моралните и етичките вредности во образовниот процес на кои што самиот тој процес не учи.
Во ОУ „Коле Канински“ работно место економ добило трансформација од определено на неопределено работно, а досегашниот економ Гордана Станоевска е прогласена за технолошки вишок, за да на нејзино место нелогично биде вработено ново лице.

Отпуштените образовни работници денес побараа средба со градоначалничката Наташа Петровска да им објасни зошто неосновано добиле откази, но таа одбила да ги прими. Петровска исто така не сакала да ги прими ни медиумските екипи кои сакале да дознаат повеќе за случајот.
Тие најавија дека нема да се откажат и ќе одат до крај ќе ја бараат правдата. Поради тоа веќе почнале да се консултираат со правници, а некои од нив веќе и имаат покренато постапки.

loading...