Потпишете се и вие. Досега речиси 30 000 потписи на онлајн петиција против двојазичност и разговорите со Грција

АКЦИЈА
loading...

Декларација #НиеСмеМакедонија Доста беше / Declaration #WeAreMacedonia Enough is Enough веќе ја потпишале околу 29. 000 луѓе онлајн.

На македонски и на англиски јазик во петицијата е објаснето за што се залагаат и што бараат.

Македонците од светот најостро ги осудуваат тековните разговори со Грција околу името на Република Македонија, неодговорниот и незаконски чин на пратениците во Собранието со изгласувањето на неуставниот Закон за јазици, разнебитувањето на унитарноста и суверенитетот на матичната држава.

„Ние, Македонците од Дијаспората и Македонци ширум светот внатре и надвор од Македонија, го известуваме Македонскиот народ во матичната татковина, Република Македонија, дека во недела, 14ти Јануари, 2018 година, пред Амбасадата на Република Македонија во САД, протестиравме против Владата на Република Македонија и пратениците на Собранието на Република Македонија, и ги известуваме дека дијаспората започнува масовно движење на Македонците во светот, #НиеСмеМакедонија, со единствена цел зачувување на засебноста на Македонецот како рамноправен и почитуван член во светското семејство, без нарушување на македонскиот иденитет, јазик и култура, и унитарноста на државата“- се наведува во петицијата.

Бараат итен прекин на разговорите околу името на државата што Владата на Република Македонија ги води во тајност под покровитество на ОН, и неменување на уставното име – Република Македонија, и поднесување резолуцијата во Генералното Собрание на ОН за признавање на истото.
Ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, и повлекување на истиот од понатамошнен процес во Собранието на РМ.

Oрганизирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација на територијата на Република Македонија во период не подолг од 6 месеци од приемот на оваа декларација.

Неменување на историјата на Македонија, статусот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

Доколку Владата на Република Македонија не е способна да го стори горенаведеното, тогаш повикуваме на итно самораспуштање на Собранието на Република Македонија и организирање на непосредни избори каде што и на македонските граѓани од дијаспората ќе им бидат овозможени свои претставници во новиот парламентарен состав, според принципот на пропорционалност.

Од отворањето на онлајн петицијата поминаа повеќе од 2 месеци, а се потпишаа речиси 30 000 луѓе.

Петицијата може да се потпише овде.

loading...