Овде извира најлековитата вода на Балканот – лекува многу болести

АКЦИЈА
loading...

Во моментов водата на тој извор тече постојано, не е во систем на водовод и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибари би требало задолжително да ја пијат.

Водата е толку квалитетна што може веднаш да се пакува, а вистински благодет е тоа што е богата со магнезиум, кој влијае врз работата на срцето, крвните садови, ги топи камењата во бубрег и влијае врз подобрување на општата состојба на организмот – вели шефот на Центарот за обновливи водни енергетски ресурси, проф. д-р Дејан Милениќ.

Секој кој има проблеми со срцето, крвните садови, а најмногу за оние кои си патат од камен на бубрезите, задолжително да си ја набават и да си олеснат на самите себе. Оваа вода е вистинскиот природен лек.

Белградскиот Рударско-геолошки факултет на барање на Градската дирекција од Валево направил истражување на Дивчибари кога се откриени два извора кои можат да ги задоволат моменталните потреби на вода во туристичкиот центар во валевскиот крај.

– На нашиот пазар нема природни води кои содржат толкаво количество магнезиум. рН вредноста на водата е слабобазна, и пријатна за желудникот.

Во моментов водата на тој извор тече постојано, не е во систем на водовод и не е хлорирана, така што сите кои престојуваат во Дивчибари би требало задолжително да ја пијат – вели Милениќ.

Тој објаснува дека карпите од кои е формиран планинскиот масив на Дивчибари се полни со магнезиумови минерали, па оттаму и толку квалитетна вода во тој крај.

– Водите кои се формираат во вакви карпи се најлековитите и најдобри се за пиење. Мислам на обични води, а не на магнезиумски кои се оптоварени со јаглероден диоксид, какви што се продаваат.

Бидејќи се со јаглероден диоксид не смеат да се пијат неограничено за разлика од природните, кои немаат нус појави по здравјето на човекот.

loading...