Диета за љубителите на благото

АКЦИЈА
loading...

1. Прво и основно, неопходно е да се јаде на секои три часа. Имате пет оброци дневно: три главни (појадок, ручек и вечера), плус две обилни ужини.

Ако јадете на секои неколку часа, вашиот метаболизам останува активен и затоа никогаш не го прескокнувајте тој мини-оброк помеѓу ручекот и вечерата кој ќе ви обезбеди дополнителна енергија.

2. Јадете сезонски, што е можно посвежи производи. На тој начин добивате максимална количина хранливи состојки од храната што ја консумирате.

3. Држете ја под контрола желбата за храна со помош на секојдневно јадење на благи работи. Било да станува збор за чоколаден мус или мафин со овошје, честете се секој ден.

Тоа е мудар начин успешно да се придржувате до диетата а нема да доведе до дебелеење, под услов во останатите ситуации да јадете соодветна храна и, секако, да не претерувате.

4. Неја поврзувајте храната со чувството за вина, туку уживајте во секој залак. Ова уживање во храната ќе ви овозможи да се чувствувате подолго сити, затоа што колку што побавно јадете, вашиот хормон за ситост е на повисоко ниво.

5. Не се плашете од маснотии. Производите како фета сирење и јаткасти плодови се одлични за вашата кожа и го креваат нивото на енергија, како и чувството на ситост.

Студиите потврдуваат дека „добрите“ маснотии му помагаат на телото за согорување на маснотиите, особено во делот околу стомакот, такашто го намалуваат нивото на хормонот кортизол.

loading...