БП: Али Ахмети ќе ја надживее и Македонија

АКЦИЈА

И порано сум напишал дека Али Ахмети е мудар човек што живее со идеалите на својата албанска нација, но по неговиот Facebook статус што го видов сега, мислам дека е малку да се каже дека е само мудар. Тој е премудар наспроти политичарите од македонско потекло. Се плашам дека не само што ќе ги надживее сите, туку му се насмевнува можност да ја надживее и Македонија.

Замислете, во услови кога гласачите ја приграбија идејата за граѓанска држава и го поразија забеганиот режим, Ахмети ја издејствува најголемата националистичка концесија за која се борат и често гинат националните водачи. Око не му трепнува за своите партнери во политиката, вклучувајќи го и последниот, кој толку брзо го сврте јавното мислење против себе.

Кога би се одржувале избори сега, по овој грандиозен успех, веројатно Али би привлекол гласачи за 30 пратенички места.

Браво Али. Подобро од сите твои колеги перформираш во демократското надмудрување. Ем амнестиран за политички крвав криминал, ем најдобар на политичката сцена. Случајно во 2001 да нападнеше со странски платеници некоја поасолна земја – истата година ќе лежеше два метра под земја. Но во нашиов случај ќе бидеш славен и ќе го добиеш највисокиот постамент.

Штом ти успеа да го убедиш својот партнер дека албанизацијата на Македонија е основа за градење на граѓанско општество, многу полесно ќе го убедиш дека ајварот може да се прави и од глина. А дека уште во текот на оваа година ќе го закачиш пред македонскиот парламент знамето на Албанија – не треба да се сомневаме.

(фејсбук статус на академик Божин Павловски)

loading...