ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го прошверцува законот за двојазичност, сега сака да прошверцува и промена на името

АКЦИЈА
loading...

СДСМ шверцерски и неуставно се обиде да го протне законот за двојазичност, истакнуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ сега шверцерски се обидува да протне и промена на нашето име. Кое е името што Заев сам одлучил да и го предложи на Грција? Дали предлага само отстапки во однос на времената референца и дава предлози за меѓународното име или предлага некаков пакет? Кој му дал мандат на Заев и со кого се консултирал за да дава предлог на соседна Грција? Во чие име дава предлози?“, се дел од пршањата кои ги поставуваат од партијата во врска со спорот за името.

Оттаму истакнуваат дека целата јавност, вклучувајќи ги и најверните симпатизери на СДСМ, гледаат како Зоран Заев ја распродава и уништува државата и додаваат дека гневот меѓу граѓаните секојдневно расте.

„Затоа на Зоран Заев му е потребна помош од обвинителството и судот кои под притисок на власта мора да коструираат политички случаи. Затоа невини луѓе се испраќаат во притвори. Граѓаните мора да бидат дефокусирани од антидржавните политики на власта. Четврти месец без никаков доказ пратеници, уметници, полициски службеници и патриоти се држат во притвор. Истрагата заврши, а со тоа отпадна и последниот основ за изживување и нивно држење во притвор“, стои во соопштението.

ОД ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта на чело со СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев.

„Ова лудило мора да запре. Обвинителството мора да започне професионално да работи и наместо да ги расчистува сметките на Заев со неговите политички противници да се справи со напливот на криминал кој дојде заедно со оваа власт. Судот мора да престане да работи по партиски директиви и наместо политика да дели правда. Македонија мора што побрзо да се врати на вистинската патека, патеката на демократијата, просперитетот и напредокот“, нагласуваат од партијата.

loading...