Џабе славјето за 50-ката на Шилегов: Се фрлија пари, па ја укинаа!

АКЦИЈА
loading...

„Од денеска автобуската линија 50 повторно ќе застанува во Градскиот трговски центар. Град Скопје ја врати во функцијата станицата во ГТЦ“. Оваа вест помпезно беше објавувана од медиумите пред само еден месец. Но по “големото отворање“, веднаш „големо затварање“.

На 17-ти февруари, свечено, со диско музика, на официјален настан, градоначалниците на Скопје и Центар се пофалија со овој за нив многу значаен проект. Меѓутоа, автобусот со број 50 под ГТЦ минуваше само четири недели.

Според официјалните информации, тоа повеќе нема да се случува.

– Од денес поради градежни работи линијата 50 нема да застанува на постојката ГТЦ во сутерен се до наредното известување, наведуваат од ЈСП.

Петре Шилегов и Саша Богдановиќ од СДСМ беа горди на “враќањето на 50-ката“ иако свечениот настан за кој потрошија пари, знаеле дека ќе биде со многу кус рок.

-Линијата 50 повторно поминува низ ГТЦ. Денеска ја враќаме оваа линија на местото каде што традиционално припаѓа. Го враќаме стариот дух на градскиот трговски центар со намера да го заживееме онаков како што го знаеме од времето кога Скопје беше полно со радост. Сега ни останува да го ревитализираме објектот, да ги вратиме луѓето во ГТЦ, да го вратиме ГТЦ на дуќанџиите, рече тогаш градоначалникот Шилегов.

-Во 2015 година заедно со невладините организации и граѓанските движења почнавме битка за да го спасиме ГТЦ од гипс, сега имаме нова битка – ГТЦ да добие нов дух и да го вратиме животот. Верувам дека ќе успееме да го направиме ГТЦ подобро место за сите нас, рече Богдановиќ пред еден месец.

По нешто повеќе од еден месец, ништо од 50-ката на Шилегов. Автобусот ќе застанува на други станици, а не на онаа каде беше прославена со музички хепенинг.

loading...