Влатко Ѓорчев: Што правите неразбрани трговци? Македонија повеќе нема Собрание!

АКЦИЈА
loading...

Пратеникот од редовите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 истакна дека на 14-ти март беше суспензирано елементарното право на пратениците да поднесуваат амандмани.

-Вие буквално амандманите ги фрливте во ѓубре. Без никаква дискусија и без амандманска расправа беше изгласан противуставниот Закон за двојазичност, рече тој кон пратеникот на СДСМ, Локвенец, со кој гостуваше во емисијата.

Според Ѓорчев, граѓаните својот глас го дале за 500 евра плата, 500 км автопат, граѓаните не гласале за двојазичност на целата територија на државата.

Обраќајќи се до својот соговорник пратеникот од редовите на СДСМ, Хари Локвенец, Ѓорчев вели: “Вие ја погазивте елементарната процедура за да донесете не уставен закон. Закон за кој не ве гласал македонскиот народ“.

Ѓорчев го спомена и добиеното писмо од страна на Талат Џафери во кое се вели дека опозицијата може да доставува амандмани во рок од два дена пред закажувањето на седницата.

-Но и покрај фактот што амандманите навреме и уредно биле доставени, амандманската расправа била спречена и погазено основното парламентарно и демократско право. Преседан невиден во историјата,  додаде тој.

Пратеникот Ѓорчев се наврати и на случајот кога Талат Џафери поднесе илјадници амандмани во врска со Законот за бранителите и случајот кога пратеник на ЛДП поднесе илјада амандмани во врска со Законот за нотарите и адвокатите, тој напомена дека и во двата случаи било испочитувано правото на амандманска расправа и покрај огромниот број на амандмани.

-Сега имате ситуација каде што огромното мнозинство на Македонци прашуваат што правите неразбрани трговци?, вели Ѓорчев цитирајќи ја македонската народна песна „Послушајте патриоти“.

loading...