СУГАРЕСКИ ГО ПРОДАЛ ЗА ЏАБАЛАК ХОТЕЛОТ „МАГНУС“ ВО ОХРИД, еве на кого!

АКЦИЈА
loading...

Нова голема афера го тресе Охрид,но и Македонија!Како што дознава редакцијата ОхридСкај,безз претходно транспарентно спроведена постапка ,Министерството за транспорт и врски предводено од министерот Сугарески , на ден 16-01-2018 година на шверцерски начин , во четири очи го продало едно од најатрактивните празни обејкти „Хотелот Магнус“ во Охрид. Постапката за продажба е крајно не транспарентна и спротивна на Закон.

За појаснување, објектот „Магнус“ во месноста Воска во Охрид ,на самата обала на Охридското Езеро,кое порано беше во сопственост на Младински Сојуз на Македонија ,а потоа на Агенција за спорт и млади , со непосреден договор помеѓу Министерството за транспорт и врски од 16-01-2018 годиан , продаден е заедно со додатно земјиште од 30.000 метри квадратни на наводен инвеститор-Шеик од Катар за 500.000 евра!

Она што зачудува е фактот што шеикот не постои , поточно се работи за жител на Охрид кој привремено работи како лекар во Катар, а зад сета зделка стои фирмата која стопанисува со Ресторан „Острово“ кај Свети наум и со Ланџ барпт „Ноа“ во Охрид , или поточно зад целата зделка стои екс генералниот секретар на владта на ВМРО ДПМНЕ и на политичката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Божиноски ?!

Хотелскиот Комплекс „Магнус“ долги години беше празен од причина што Младинскиот сојуз на Македонија и Фериалниот сојуз на Македонија водеа судски спор за сосптвеност со Агенцијата за спорт и млади. Конечната пресуда падна во 2017 година ,кога со правосилна пресуда истиот е доделен на стопанисување на Агенцијата за спорт и млади ! Као е отуѓен за премногу смешна цена од онаа реланата ,нека провери Државниот Јавен Обвинител!Договорот е солемизиран на ден 16-01-2018 година ,кај Нотар Тана Топаловска во Охрид ,фамозниот нов Шеик во стилот на Субратра Рој не постои , но Сугарески е должен транспарентно и отчетно да излезе во јавност и да даде одговор ,како и во чие име продава народен имот ?Кој дебело се омрсил од оваа зделка ?

Охридскај – Сашо Денесовски

loading...